Пејачот Владо Георгиев повторно привлекол внимание со своите несекојдневни теории, овојпат објавувајќи на социјалните мрежи дека Земјата е рамна.
Како „доказ“ приложил фотографија од морето и напишал: „Колку е закривено, баш онака тркалезно и тоа преку зум 48х“.
Еден корисник на Твитер му одговорил дека тврдењето дека Земјата е рамна е исто како да тврдиш дека нема гравитација…
„Тоа е едноставно апсурдно. Буквално, со голо око, при секое затемнување на Месечината, гледаме дека сенката на Земјата е тркалезна. Ако тоа не е доволно, стави стап во земјата и следи како сенката прави целосен круг околу стапот за 24 часа“, напишал тој.
„Зошто не одиш по ѕидот кога веќе те држи гравитацијата? Тесла своевремено објаснил“, му одговорил пејачот.
Многумина го прашале Георгиев дали навистина мисли дека Земјата е рамна, или станува збор за шега.
Корисникот на X (поранешен Твитер), меѓу останатото, му порачал да пие помалку вино, на што Георгиев му порачал:
„Ма не, повеќе музика и љубов, да се вклучи мозокот … Во спротивно, ќе одиш и ќе се избодеш со непознати вакцини и ќе бидеш дебил“.
ФОТО: X (Твитер)/Инстаграм