Пријава од три опозициски партии до Антикорупциска комисија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанските опозициски партии – Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење денес поднесоа пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата за сомневање за корупција и конфликт на интереси во односите помеѓу партијата ДУИ и компанијата Еуровиа, која се појавува и како донатор на оваа партија, но исто така и како подизведувач во градежните активности во рамките на Коридорот 8.

„Основа на оваа пријава е нашето сомневање дека има корупција и конфликт на интереси. Оваа компанија е главен донатор на ДУИ, која ѝ донирала околу 70.000 евра само во 2022 година. Од друга страна, токму оваа компанија доби тендер вреден 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи, која се раководи од кадар на ДУИ – Бујар Османи.

Истата фирма се појавува и како подизведувач во Коридорот 8, каде како координатор на проектот од владата е назначен е првиот вицепремиер, исто така кадар на ДУИ – Артан Груби. Нашето сомневање е дека во овој случај се врши перење пари и се реализира бизнис со оваа компанија. Впрочем, сомневањето за корупција треба да го докаже Државната комисија за спречување на корупцијата, додека тоа за што немаме веќе никакво сомневање е дека тука јавно имаме конфликт на интереси – една компанија која зема тендери од експоненти на ДУИ, истовремено е и донатор на оваа партија. Појасно од ова не може да биде.

Во документот, кој сме го предале, приложивме повеќе факти и се повикавме на нормите врз основа на кои дејствува оваа комисија, додека нашата надеж е дека ДКСК ќе ги потврди нашите сомневања и ова ќе премине во правните институции.

Како субјекти кои посебно се ангажирани во борбата против криминалот и корупцијата, уште еднаш забележуваме дека европскиот дискурс и лексиката со патриотски фрази за да „ја спасиме државата и нацијата“ е недоволна за да се покрие корупцијата на ДУИ, која стана нејзин примарен и основен идентитет. Затоа денес сме тука за да потсетиме дека европска вредност е токму борбата против корупцијата, додека патриотизам е да се бориш против сите тие кои знамето не ЕУ го користат за да ги покријат стекнатите евра од политичката корупција – се вели во соопштението на трите опозициски партии.

Share This Article