Вчера на патот Рашиња-Кузминец во Хрватска 44-годишен возач управувал личен автомобил под дејство на неверојатни 4,42 промили алкохол.
На видеото што го објави Кликај.хр на својот канал на Јутјуб, се гледа дека тој целосно пијан вози во кривина и на крајот излегува од патот.
– Возачот се здобил со полесни повреди и е сместен во посебна полициска просторија до отрезнување и против него ќе биде поведена прекршочна постапка – известија од ПУ Копривница-Крижевачка, пренесува Далмација.њуз.