Беше весело.
Фудбалерите на Црвена звезда беа поразени на стартот од Лигата на шампионите додека Манчестер Сити ги победи со 3:1. Звезда поведе во финишот на првото полувреме со голот на Осман Букари, но европскиот првак направи пресврт и ја забележа победата.
Англичаните, секако, го анализираа овој дуел и се што се случи, а во студиото во сега веќе култното шоу беа Тиери Анри, Мика Ричардс и Џејми Карагер.
Тиери Анри многу внимаваше на изговорот на имињата на црвено-белите.
Анри успеа убедливо најдобро да ја изрече „Црвена звезда“. Не е 100 проценти прецизно, но доволно добро. Од друга страна, Ричардс и Карагер предизвикаа смеа, додека водителката Кејт Абдо не сакаше ниту да се обиде.
Оваа четворка е позната по одличното расположение и многуте моменти кои го засмејуваат гледачот, а така беше и овој пат.