More

    Актерот и убавата адвокатка го чекаат првото дете

    spot_img

    Девојката на популарниот српски актер Милош Биковиќ, според тамошните медиуми, е бремена, а многумина се прашуваат која е убавицата која успеа да го освои срцето на еден од најпосакуваните Срби.

    Српските медиуми вчера објавија дека популарниот актер и продуцент Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко.

    Според српски „Блиц“, еден од омилените актери во регионот, го очекува своето прво дете со девојката Ивана Малиќ.

    Партнерката на Милош Биковиќ е во поодмината бременост и се чувствува одлично, а познато е дека актерот не сака да зборува за приватниот живот за медиумите, па не треба да очекуваме многу да коментира за оваа вест.

    Биковиќ на својот инстаграм-профил објави фотографија од себе и својата девојка, при што ја потврди среќната вест дека ќе станат родители.

    „Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците нè доведоа во ситуација во која немаме избор.
    Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки и ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, секако ќе ве контактираме“, напиша Биковиќ.

    Ивана Малиќ е од Црна Гора, поточно од Бар, а по професија е адвокат.

    Да потсетиме, Милош Биковиќ за првпат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2 – забрзување“ во 2021 година.

    Неодамна во медиумите се пишуваше дека Милош годинава ќе стапне на „лудиот камен“ и дека во Ивана нашол сè што барал.

    Тие двајца често патуваат заедно, секогаш кога работата на Милош дозволува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img