Натпреварот од 2.коло од НФЛ шампионатот помеѓу Њу Ингланд Патриотс и Мајами Делфинс го одбележа голема трагедија кога загина навивач на тимот од Бостон Дејл Муни.
Во еден момент од натпреварот дојде до судир меѓу навивачите, кога несреќниот Муни доби неколку удари во главата.
Во таа прилика изгубил свест, а откако бил префрлен во болница починал.
Како што изјавил еден од сведоците, смртоносниот удар бил удар од страна, по што Муни престанал да се движи, а иако брзата помош набрзо пристигнала, тие не успеале да се обидат да го спасат.
Истрагата за оваа трагедија се уште е во тек.
Предупредување: Видеото е од вознемирувачки карактер: