More

    Кинески министер разрешен поради љубовна афера

    spot_img

    Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, во јули годинава е сменет од функцијата бидејќи имал вонбрачна врска додека бил амбасадор во САД, објави Волстрит журнал.

    Американскиот медиум известува дека Чин соработувал со истрагата, која сега е фокусирана на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозиле националната безбедност на Кина.

    На високиот кинески функционери му било кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија покажала дека Чин се вклучил во аферата додека бил амбасадор на Кина во САД, пишува весникот.

    Два извори за весникот изјавија дека аферата резултирала со раѓање на негово вонбрачно дете во САД.

    Во јули, Чин беше сменет од дипломатот ветеран Ванг Ји на позицијата министер за надворешни работи, откако Чин беше отсутен еден месец по едвај половина година на функцијата.

    Тој беше главен кинески дипломат во Вашингтон од јули 2021 година до јануари оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img