Расте бројот на заболени со коронавирус во земјава, Комисијата свика состанок

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во август во Македонија е регистрирано едно починато лице од ковид-19, а како новозаболени се пријавени 112 случаи. Според извештајот кој го објави Институтот за јавно здравје се регистрира зголемување на бројот на пријавени од ковид-19 за 4,6 пати повеќе во однос на јули 2023 (n=23), a во споредба со август 2022 (n=12.354) се регистрира многукратно намалување на заболените.

Од заболените во август 2023, најголем број заболени (n=34) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (73,4/100.000) се регистрира во Кавадарци. Триесет и пет од заболените лица се реинфекции.

На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани шест лица, а според информациите тие засега се во добра здравствена состојба.

Веќе в среда или в четврток Комисијата за заразни болести ќе одржи формален состанок на кој ќе се дискутира за состојбата кај нас, во регионот и во светот.

– Бројката од 112 заболени во август во моментов не е загрижувачка, доколку споредиме со август 2022 година кога имаше 12.300 регистрирани позитивни. Растот во споредба со јули не смееме да го занемариме, затоа оваа недела ќе одржиме состанок на Комисијата – вели за Плусинфо портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ.

Д-р Мехмедовиќ додава дека во земјава има 50.000 вакцини против коронавирусот и апелира сите ризични групи да примат бустер-доза пред периодот кој следи, а во кој ќе има значителен број респираторни инфекции.

– Во јули 8 лица примиле бустер доза, а исто толку има и во август. Како и претходно, така и сега препорачуваме лицата над 60 години, онколошките пациенти, како и оние со коморбидитети да примат бустер доза и со тоа да се заштитат – додава д-р Мехмедовиќ.

Тој истакнува дека засега не се размислува за воведување дополнителни мерки, но препорачува луѓето да бидат внимателни кога се движат во затворени простории, особено кога ќе се намали надворешната температура.

Инаку, како што пишува во извештајот на ИЈЗ, регистрираните нови случаи се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната групата над 60 години.

- Advertisement -
Ad image

Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на август се тестирани вкупно 512 материјали со зголемување на бројот на тестирани за 1,4% во однос на минатиот месец (n=505).

Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31.08.2023, пријавени се вкупно 348.491 потврден случај на ковид-19 и 9.942 смртни случаи.

Share This Article