More

    Загрижувачка состојба во Албанија – За една недела регистрирани над 900 ковид-позитивни случаи

    spot_img

    Се зголемува бројот на заразени со коронавирус во Албанија каде само во последната недела се регистрирани дури 900 позитивни случаи. Според Институтот за јавно здравје кај 40% од тестираните резултатот бил позитивен.

    – Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина, односно над 900 се позитивни. Пациентите со денови се соочуваат со зашеметеност, болки во грлото, кашлица, треска и замор – изјавила Еугена Томини директорка на Институтот.

    Според Томини, летната сезона и доаѓањето на голем број туристи и емигранти во Албанија ги зголемиле случаите со коронавирус.

    Препорачува доколку граѓаните  ги почувствуваат овие симптоми веднаш да направат брз тест за Ковид.

    – Изминатата недела 40% од пациентите кои го направиле брзиот тест се потврдило дека се заразени од Ковид-19. Позитивните случаи во овој период се многу повисоки од официјалните бројки бидејќи не се тестираат сите кои имаат симптоми. Враќањето на децата на училиште и температурните промени се очекува да ги зголемат случаите на Ковид, покрај другите вируси кои циркулираатм – посочува Томини.

    Сепак, според директорката на Институт за јавно здравје, ситуацијата не е алармантна. Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img