Малиот Рики го запозна својот идол, а видеото од средбата говорат сите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има голема почит кон своите фанови, особено кога се во прашање децата, што го докажа по којзнае кој пат на УС Опен, а за неговата средба со шестгодишниот Рики од Тампа, Флорида ќе стопи срцата на сите.

Рики се заљубил во Ноле во 2021 година на УС Опен. Ноле го инспирирал и Рики постојано зборувал за него и го имитирал.

Како што се приближуваше УС Опен во 2022 година, Рики сакаше да го види својот идол на дело. Сепак, знаеме како продолжува приказната – на Ноле му беше забранет влез во Америка, но љубовта на Рики кон Ѓоковиќ остана иста.

Оваа година – Рики едвај чекаше да го запознае својот „најдобар пријател“.

Така и се случи – Ноле го пречека со топла прегратка во публиката по четвртфиналниот меч.

 

На социјалните мрежи се појави видео кое е создадено по тренингот на Новак пред финалето. На него може да се слушне симпатичен разговор што го водел со момче кое упорно го повикува од трибините.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Ѓоковиќ го праша како се вика, а тој одговори:

- Advertisement -
Ad image

– Рики. Здраво, Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер потоа му постави уште едно прашање.

– Ја имаш најубавата насмевка Рики. Колку години имаш – го праша, а момчето рече:

– Шест. Имам порака за тебе, но таа е на телефонот на мама.

Мајката потоа објасни дека пред две години, малото момче навистина сакало да го види најдобриот играч на светот кога играл на УС Опен.

– Леле! Па, еве ме! Конечно се случи. Ти благодарам пријателе, те сакам – рекол Србинот и му подарил капа.

На лицето на момчето можеше да се види колку е среќен Рики што одвои време да му каже неколку зборови.

Рики го следеше финалето на Новак против Данил Медведев во кој Србинот дојде до 24 гренслем титула.

Претходно се појави видео како детето најпрво го прашува својот татко за телефонскиот број на Новак Ѓоковиќ.

– Дали го знаеш телефонскиот број на Ѓоковиќ? – прашува детето.

Татко му одговара дека иако не го знае телефонскиот број на играчот, дека би можеле да му испратат порака.

– Дали го знам неговиот телефонски број? Не. Но, можеме да му испратиме порака – вели таткото.

Момчето потоа му испрати порака на својот идол откако го побараа Ѓоковиќ на Инстаграм.

– Да. Еј Ѓоковиќ, те сакам многу. И јас сум од Тампа, Флорида – вели детето.

Останатото е историја, за што сведочат видеата споделени на Инстаграм од таткото на малиот Рики и неговите средби со Ноле, како и радоста на момчето на секој успех на тенискиот ас.

Share This Article