More

    Оваа недела ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

    spot_img

    На 21 септември 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“

     На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“ од авторката Александра Данева

     По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

     Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 20 септември 2023 година (среда). По пријавата на учеството, на сите пријавени учесници ќе им бидат испратени информации за најава на е-платформата на која ќе се одржи сесијата.  

    Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

     На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

     Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img