Повторувањето има необичен однос со умот. Земете го искуството на дежа ву, кога погрешно веруваме дека сме доживеале нова ситуација во минатото – оставајќи ви морничаво чувство за минатото.
Дежа ву е всушност прозорец во работата на нашиот мемориски систем.
Истражувањата открија дека овој феномен се јавува кога делот од мозокот кој открива сличности не се усогласува со реалноста. Дежа ву е сигнал кој ве предупредува за оваа необичност: тоа е еден вид „проверка на факти“ за составот на меморијата, пренесува Science Alert.
Но, повторувањето може да направи нешто уште почудно и понеобично.
Спротивно на дежа ву е „jamais vu“, кога нешто што знаете дека ви е познато изгледа нереално или некако ново, пренесува N1 Загреб.
Jamais vu може да вклучи гледање познато лице и ненадејно откривање на нешто необично или непознато. Музичарите понекогаш го имаат ова – се губат во многу познато музичко дело. Можеби ви се случило да отидете на некое познато место и да се дезориентирате или да го видите тоа со „нови очи“.
Тоа искуство е уште поретко од дежа ву и можеби уште понеобично и вознемирувачко. Кога ги прашувате луѓето да го опишат тоа во прашалници за нивните секојдневни искуства, тие даваат изјави како: „Кога пишувам на испити, правилно пишувам збор како „апетит“, но продолжувам да го гледам зборот затоа што мислам дека може биди погрешен“.