More

    Претстава и изложба во Музејот на холокаустот

    spot_img

    Манифестацијата „Европски денови на еврејската култура 2023 – Денови на отворени врати“ претставува можност еврејските заедници од градовите низ Европа да подготват настан наменет за пошироката публика во местото на нивното живеење. На овој начин се отвора простор за славење на креативноста, паметење на минатото – богатство и спојување на луѓе кои го делат интересот за заедничкото европско-еврејско наследство. Целта на манифестацијата е приближување и подобро запознавање со еврејската култура, соопшти Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

    Во Арт Центарот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија,

    На овогодинешните Европски денови на еврејска култура нашата публиката ќе има можност да ја проследи музичко-драмската изведба на книгата „Стенограми“, од Мориц Романо, во драматизација и режија на Снежана Конеска Русисо актерите Петар Горко и Снежана Конеска Руси, пијано придружба на Андреј Наунов и со настап на оперските пејачи Ернес Ибраимовски (баритон), Игор Гиевски (тенор), Гонца Богоромова Краповски (сопран), Тереза Талеска Лазовска и Елвира Шорко лт).

    Пред претставата ќе биде отворена изложбата „Верските обичаи и културната традиција на македонските Евреи – раскажувања низ предмети и фотографии“, која опфаќа предмети кои се поврзани со еврејската религија, а со тоа и со културата која произлегла од неа.

    Во оваа изложба се претставени 16 предмети преку кои можеме да го следиме не само религискиот живот, туку и празниците поврзани со него, начинот на празнување и културата што ја донеле Евреите со себе при нивното населување на овие простори. Изложбата е надополнета и со фотографии, прикажувајќи го семејниот живот, животот во заедницата и културните особености кои датираат од периодот на 20 и 21 век.

    Автор на изложбата е Лилјана Лазаревска Мешковска, а ќе трае до 30.11.2023 година. Од вторник -19.09 изложбата ќе може да се погледне на вториот спрат во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

    Настанот ќе се одржи на 18 септември (понеделник) со почеток во 19.30 часот во Арт Центарот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Улица 11 Март број 2, Скопје. Влезот е слободен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img