More

    Конфликтот во Украина ќе продолжи со години

    spot_img

    Пентагон смета дека конфликтот во Украина ќе се одолговлекува и може да продолжи со години, изјави денеска претседателот на Советот на началниците на генералштабовите на САД, Марк Мили.

    – Мислам дека овој конфликт ќе биде многу долг. Исто така сметам дека неговото времетраење ќе се мери со години. Не знам дали можеме да помислиме на една деценија, но барем неколку години сигурно – истакна Мили за време на расправа за буџетот на Претставничкиот дом.

    Тој нагласи дека тоа е долготраен конфликт меѓу Русија и Украина, во кој САД и сојузниците и партнерите на НАТО „ќе бидат инволвирани уште долго време“.

    Еден ден претходно, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека според проценките на Вашингтон „следната фаза од украинскиот конфликт може да се мери за повеќе од месеци“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img