More

    Ердоган: Турција може да се одвои од ЕУ, доколку е потребно

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата изјави дека Анкара може да се „одвои“ од Европската унија, доколку е потребно.

    Во извештајот, усвоен претходно оваа недела, се вели дека процесот на пристапување на Турција во 27-члениот блок не може да продолжи под сегашните околности и ја повика ЕУ да истражува „паралелна и реална рамка“ за нејзините врски со Анкара, пренесува Ројтерс.

    Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите за пристап беа закочени во последниве години поради загриженоста на блокот за кршење на човековите права и почитување на владеењето на правото.

    ЕУ, ЕК, знамиња Кензо Трибујард/АФП
    „ЕУ се обидува да се одвои од Турција. Ќе ги дадеме нашите проценки во врска со овој развој на настаните и доколку е потребно, можеме да ја напуштиме ЕУ“, изјави Ердоган на новинарите пред неговото патување во САД.

    Турското Министерство за надворешни работи на почетокот на неделава соопшти дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и има „плиток и невизионерски“ пристап кон врските на земјата со ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img