More

    Зеленски се обрати пред Советот за безбедност на ОН

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео конференциска врска се обраќа пред Советот за безбедност на ОН. Ова е негово прво обраќање пред Советот за безбедност од почетокот на руската инвазија.

    Тој ги повика ОН „веднаш“ да реагираат во однос на „воените злосторства“ извршени од Русија во неговата земја и додаде дека во спротивно светската организација треба само да биде „распуштена“.

    Зеленски предложи да се исклучи Русија „како агресор и иницијатор на војната за да не ги блокира одлуките поврзани со нејзината агресија“ врз Украина.

    – Тогаш направете се што можете за да се постигне мир – додаде Зеленски во говорот, на кој присуствуваше и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

    Зеленски нагласи дека втората опција е реформа на ОН, а доколку нема други алтернативи, следната опција е распуштање на светската организација.

    За време на своето обраќање, украинскиот претседател прикажа необработено видео на кое јасно се гледаат тела и делови од телата на убиените во Украина.

    Видео снимката предизвика гнев кај актуелниот претседавач со Советот за безбедност на ОН, британската амбасадорка Барбара Вудворд, која изјави дека станува збор за скандалозно „страшна слика“.

    На почетокот Зеленски истакна дека се обраќа во ОН „во ​​име на жртвите на Русија“.

    – Вчера се вратив од Буча, која неодамна беше ослободена. Нема злосторство што Русите не го извршиле таму. Убиваа жени кои се обидоа да побараат помош. Убија цели семејства и се обидоа да запалат тела. Им сечеа вратови и екстремитети на луѓето. Им пукале од зад грв во глава откако ги мачеле и им ги врзувале рацете – истакна Зеленски, додавајќи дека „руските војници ги барале и намерно ги убивале сите што работеле за Украина.

    Тој рече дека руската војска убивала цивили во Буча од задоволство.

    – Тие убиваа и силуваа жени пред нивните деца. И тоа го направија руските војници. Светот допрва треба да види што направија во другите окупирани области на нашата земја – додаде украинскиот претседател во своето обраќање.

    Тој ги спореди злосторствата на руската армија со злосторствата на терористичката организација Исламска држава.

    – Во Украина ги гледаме најлошите воени злосторства од Втората светска војна. Тие намерно создаваат масовно гладување, намерно уништуваат засолништа полни со цивили. Масакрот во Буча е само еден, за жал само еден пример на она што окупаторите и го прават на нашата земја од почетокот на инвазијата. Мариупол, Бородјанка…таму се вршеа злосторства како во Буча – рече Зеленски.

    – Знам што ќе кажат Русите за ова. Тие ќе ги обвинат сите освен себе си за овие злосторства. Ќе изнесуваат различни теории за никој да не знае што се случило. Но, ова е 2022 година, имаме конкретни докази, имаме сателитски снимки… – изјави украинскиот претседател.

    Тој истакна дека „руската армија отворено ги ограбува градовите и селата што ги освоија. Тие крадат сè, почнувајќи од храна. Го крадат накитот на жртвите, накит на кој сè уште има крв“.

    – Ако вака продолжи, сите земји ќе се потпрат на своите вооружени сили, а не на меѓународното право. ОН тогаш може да престанат да работат. Дали сте подготвени за тоа? Ако не, тогаш мора да дејствувате итно – рече Зеленски.

    Според него, „раководството на руската армија и сите оние кои им дадоа наредби мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Ова треба да биде слично на судењето во Нирнберг по Втората светска војна“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img