Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област во близина на северниот брег на Чиле.
Епицентарот на земјотресот бил на 121 километар западно од градот Копиапо.
Земјотресот бил на длабочина од 4,9 километри. Инаку, ова е четврти потрес во северниот дел на Чиле во изминатите три дена и досега најсилен.