Италијанскиот фудбалски гигант најде замена за Пол Погба, кој се соочува со повеќегодишна суспензија поради позитивен допинг тест.
Погба „падна“ на допинг тестот по првенствениот натпревар против Удинезе на 20 август. Францускиот играч за врска остана на клупата цел натпревар, но беше еден од оние по случаен избор на тестирање.
Погба е автоматски суспендиран во очекување на анализа на примерокот Б. Францускиот играч за врска би можел да биде суспендиран до четири години, а според вестите кои доаѓаат од Апенините, Јувентус ќе го раскине неговиот договор доколку се потврди наодот Б, без разлика на должината на забраната.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „Старата дама“ од Торино веќе почнала да бара замена за Погба, а изборот наводно паднал на играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Партеј (30).
Репрезентативецот на Гана летото веќе беше поврзуван со трансфер во италијанскиот гигант, но „топчиите“ не сакаа да го продадат само така.
Парти во Арсенал пристигна во 2020 година од Атлетико Мадрид, а претходно играше за Мајорка и Алмерија.