More

    Николоски: Нема Бугари во Албанија, туку има Македонци од кои ненародната власт се откажува

    spot_img

    Нема Бугари во Албанија, туку има Македонци од кои ненародната власт се откажува, искоментира потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по најавата дека потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова ќе отвори училиште на бугарски јазик во Албанија.

    „Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината“, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој прогнозира дека за кратко време ќе падне актуелната власт во Македонија.

    „Нема Бугари во Албанија, туку има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе. За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава“, пишува Николоски на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img