Српскиот претседател Александар Вучиќ престојува во Брисел каде денеска продолжи дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина. Од приштинска страна, во Брисел е и премиерот на Косово, Албин Курти.
Најпрвин се одржа билатерална средба меѓу Вучиќ и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Потоа, нешто по 10 часот започна средбата на Аљбин Курти со европските претставници.
Во 11 часот е планирана заедничка средба во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ. На последната средба во Брисел, Вучиќ и Курти не седнаа на иста маса.
Обраќањето на Жозеп Борел беше најавено меѓу 15 и 18 часот.
Како што беше наведено претходно, теми на средбата се спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација и Анексот за имплементација, постигнат пред околу половина година.