Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема во северните делови од земјата. Ќе дува слаб претежно јужен ветер, само во североисточните делови ветерот ќе биде северозападен. УВ ќе биде 5, информираат од УХМР.
Најниска утринска температура од 8 степени ќе има во Берово, а највисоката температура во текот на денот ќе се движи во интервал од 27 степени во Маврово до 33 степени во Гевгелија и во Демир Капија.
Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. Температурата ќе биде од 12 до 31 степен.
Топлото време ќе се задржи и во следните денови. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево време со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот.