Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со пораз ги почна натпреварите од европската Лига на шампионите откако вечерва во Битола загуби со 31-22 од норвешкиот шампион Колштад.
Конечниот исхот од натпреварот беше јасен уште на почетокот од средбата кога гостите од Колштад поведоа со 7 голови разлика, а во 20.минута имаа водство од 4-12.
Првото полувреме заврши со предност на гостите од 16-10, а второто го почнаа уште поефикасно и го зголемија водството на 9 голови предност (19-10). Битолчани мотивирани од домашната публика за жал не успеаја да го совладаат одличниот голман Бергеруд, кој ги запре сите напади и удари кон неговиот гол.
Првиот натпревар од ракометната Лига на шампионите гостите од Норвешка рутинирано го завршија и со највисока предност на Колштад од 31-22.
– Верувам во играчите и екипата, но ни треба време и разигрување на бековската линија. Ние имаме сили да се натпреваруваме во европскиот ракометен крем – изјави по завршувањето на средбата, тренерот на РК Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ.
Објективната битолска публика со аплауз ги награди искусните норвешки репрезентативци и интернационалци на Колштад кои лесно го совладаа Еурофарм Пелистер во чии редови единствена светла точка беше Богдан Радивојевиќ кој постигна 6 голови.