Северна Кореја ќе ѝ помага на Русија во војната против Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун му ветил на рускиот претседател Владимир Путин помош во руската војна против Украина на средбата во рускиот космодром Восточни, пренесе ДПА повикувајќи се на медиуми.

Русија се крена за да го заштити својот суверенитет и безбедност, рекол Ким на средбата со Путин, пренесува агенцијата Интерфакс.

– Ние секогаш и ќе продолжиме да ги поддржуваме сите одлуки на Путин и одлуки на руската влада. Се надевам дека секогаш ќе бидеме заедно во борбата против империјализмот и во изградбата на суверена држава – рекол Ким.

Средбата на Путин и Ким е прва посета на севернокорејскиот лидер на Русија во последните четири години. Покрај прашањата за ракетната технологија, според набљудувачите, на дневен ред на состанокот се и испораката на оружје и муниција од Северна Кореја за Русија.

За време на состанокот Путин-Ким, руското Министерство за надворешни работи најави посебна посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Москва. Ванг ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров.

Share This Article