Квалификациите се уште траат, следете ги на Спорт Клуб, а УЕФА веќе ги објави деталите околу продажбата на влезниците за ЕУРО, чиј домаќин ќе биде Германија од 14 јуни до 14 јули следната година.
Билетите се пуштени во продажба во вторник, 3 октомври, а навивачите имаат можност да се пријават преку официјалната веб-страница на УЕФА.
Над 2,7 милиони билети ќе бидат достапни за навивачите на тимовите-учеснички и пошироката јавност, некои по цена од 30, а некои по 60 евра. Навивачите можат да ја креираат својата сметка за билети и да бидат подготвени да започнат со продажба.
Барањата за билети може да се поднесуваат од 3 до 26 октомври тековната година.