Зуди Енузи Кока е новиот директор на АД МЕПСО, дознава Канал 5.
Тој претходно беше директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена, а сега доаѓа на местото на поранешниот пратеник Сурија Рашиди, кој на функцијата во МЕПСО беше само 6 месеци.
Според изворите на Канал 5, до смената на директорот кој доаѓа од редовите на Алијанса на Албанците дошло поради превирања во партијата.