Македонската фудбалска репрезентација синоќа го одржа официјалниот тренинг на Националниот стадион во Та Кали на кој вечерва од 20:45 часот ќе се обиде втор пат да ја совлада Малта во квалификациската група Ц и да ги задржи шансите за пласман на ЕУРО2024.
Нашите репрезентативци ќе се обидат по вторпат да го совладаат денешниот противник во овие квалификации, триумф кој е неопходен за да се потврди добриот септември почнат со ремито против европскиот првак Италија и ова ќе биде осмо наше соочување со медитеранскиот остров, а досега во седум меѓусебни пресметки – шестпати сме победиле.
Голем проблем за селекторот Милевски е тоа што во составот ќе ги нема искусните Аријан Адеми и Столе Димитиревски.
Адеми поради повреда на листот на ногата нема да биде во комбинација за настап вечерва против Малта. Нашиот репрезентативец почувствува болка веднаш после загревањето на синоќешниот тренинг.
Се работи за истата повреда поради која Адеми беше спречен да даде придонес и за мечот против Италија.
Претходно поради повреда отпадна и Столе Димитриевски, па на голот вечерва ќе биде Дамјан Шишковски.
Историјата за меѓусебните дуели на овие две репрезентации говори, дека таа е на страната на Македонија, но еднаш Малта успеала да одигра нерешено во досегашните средби.
Досегашен биланс:
Победи Македонија: 6
Нерешени: 1
Победи Малта: 0
Гол-разлика: 17:3
Вечерашната пресметка ќе биде осма, а четврта квалификациска бидејќи имаме одиграно и 4 пријателски. Токму една таква пријателска штрчи за нашиот биланс со Малта да не биде перфектен.
27.03.1996, Прилеп, Македонија – Малта 1:0 (пријателска)
27.11.1996, Та’ Али, Малта – Македонија 0:2 (пријателска)
06.09.1998, Скопје, Македонија – Малта 4:0 (ЕУРО 2000 квалификации)
18.11.1998, Та’ Али, Малта – Македонија 1:2 (ЕУРО 2000 квалификации)
21.08.2002, Скопје, Македонија – Малта 5:0 (пријателска)
11.08.2010, Та’ Али, Малта – Македонија 1:1 (пријателска)
23.03.2023, Скопје, Македонија – Малта 2:1 (ЕУРО 2024 квалификации)