Притвор за капетанот и за член на екипажот поради давењето на пристаништето

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мерка притвор им е одредена на двајца од четворицата уапсени за смртта на патникот на траектот, кој минатиот вторник беше турнат во морето на атинското пристаниште во обид да се качи на бродот за Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Притворени се капетанот и членот на екипажот кој е обвинет дека го истуркал 36-годишен маж во морето.

Според грчките медиуми, членот на екипажот во исказот ја презел одговорноста за тоа што се случило, но не ја прифатил правната карактеристика на делото како убиство со можна умисла.

Тој рекол дека 36-годишниот стапнал на работ, се лизнал и паднал, сакал да скокне да му помогне, но бродот веќе се оддалечил и додал дека кога се вратил да земе средство за спасување, човекот веќе се удавил.

Капетанот на траектот, според истите информации, кој се товари за опасност во морскиот сообраќај и за изложување на смртна опасност, во исказот рекол дека постапил правилно согласно прописите кога бил информиран дека има лице во морето и ја известил крајбрежната стража.
Во вторникот вечерта 36-годишниот Андонис Кариотис го загуби животот откако во обид да се качи на траектот за Крит, на атинското пристаниште беше спречен од двајца членови од екипажот, а едниот од нив го истурка од бродот, при што падна во морето и се удави.

Целиот случај беше обелоденет по објавеното видео од „Прото тема“, со оглед на тоа дека првично информациите беа дека маж го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траект во движење на атинското пристаниште Пиреа.

На видеото се гледа дека мажот трча на траектот успева да се качи, но е спречен од двајца членови од екипажот, едниот од нив го турка од бродот и паѓа во морето, а траектот отпловува без да му се пружи никаква помош на 36-годишниот.

Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давање во морска вода.

Share This Article