На наплатна рампа Демир Капија синоќа во 20.10 часот полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за ГР Југ го лишија од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.
Имено, Г.К. кој управувал товарно возило „Сканија“ со полуприколка, и двете со бугарска национална ознака, при контрола на документите кои ги дал на увид понудил банкнота од 5 евра како поткуп на полицискиот службеник кои веднаш му биле вратени назад.
За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, од кој се добиени насоки лицето да биде приведено и задржано во полициска станица, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.