Најмалку пет експлозии се слушнале рано во неделата во украинскиот главен град Киев, објавија очевидци на Ројтерс, откако градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека системи за противвоздушна одбрана биле вклучени во одбивањето на руски воздушен напад.
„Дроновите сè уште се движат кон Киев“, напиша Кличко на апликацијата за пораки Телеграм.
Тој додаде дека остатоците од беспилотните летала паднале на областите Свјатошински, Шевченковски и Подил, предизвикувајќи пожар во близина на паркот и погодувајќи ги патиштата.
Според првите формации, едно лице е повредено, додаде Кличко.