Во невремето „Даниел“ што во вторникот ја зафати Грција и предизвика поплави и катастрофални штети во повеќе места во централниот дел на земјата, за исчезнати се водат 7 лица, меѓу кои и двајца туристи од Австрија, јави дописничката на МИА од Атина.
Бројот на исчезнати до вчера беше 4 лица, додека пак денеска бројот се зголеми на 7 лица.
Во поплавите, животот го загубија десетмина, а спасени се стотици граѓани.