Бројот на загинати во големиот земјотрес што го погоди Мароко се искачи на 1.037 луѓе, соопшти мароканското Министерството за внатрешни работи.
Околу 1.204 други се повредени, од кои 721 луѓе се во тешка здравствена состојба.
Во провинцијата Ал Хауз, епицентарот на земјотресот, според Министерството, регистрирани се 542 жртви.
Синоќа во Мароко е регистриран земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.