Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко.
Тој упати и желби за брзо закрепнување на повредените.
„Шокирани сме од разорниот земјотрес во Мароко синоќа со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените“ напиша Османи во постот на твитер.