More

    Три нови сали со нова опрема и апарати за интервентната кардиологија, радиологија и оториноларингологија се пуштени денеска во ГОБ „8-ми Септември“

    spot_img

    Три нови сали со нова опрема и апарати за интервентната кардиологија, радиологија и оториноларингологија се пуштени денеска во ГОБ „8-ми Септември“. Нивното користење се очекува да го намали бројот на чекања за коронарографии, каротидографии, ангиографии и стентирања.

    Инсталирани се апарат за мамографија што може дневно да опслужи 60 пациенти, апарат за ултразвук, компјутерски томограф, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ графии и апарат за навигација.

    Салите ги пуштија во употреба премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов. Како што беше речено, итните случаи со акутни инфаркти на миокард веќе нема да чекаат, туку нивното згрижување и прифаќање ќе биде итно и тоа нема да го наруши редовниот програм на пациентите закажани во редовниот термин.

    Ковачевски упати посебна благодарност до народот на Јапонија кој, како што напомена, донираа дел од средствата со кои денеска салите се пуштија во употреба. Министерството за здравство преку, својата соработка со Светската банка и болницата ГОБ „8. Септември“, ги обезбеди останатите пари за комплетно инсталирање на оваа современа опрема.

    Според него, трите нови сали кои почнаа со работа од денеска се од исклучително значење за намалување на листите на чекање за интервенции од областа на кардиологијата: коронарографии, каротидографии и периферни ангиографии, коронарни стентирања, стентирања на каротиди и стентирања на крвни садови на екстремитетите.

    Директорот на ГОБ „8-ми Септември“, Костов објасни за што конкретно ќе се користат салите и опремата. Истакна дека нова опрема има и во Одделот за оториноларингологија.

    Имаме набавка на апаратот за мамографија што дневно може да опслужи до 60 пациенти, високософистициран апарат за ултразвук со висока резолуција, соодветен за најсофистицираните дијагностички процедури, компјутерски томограф од најнова генерација со 128-слајсен детектор, висока резолуција и брзина кој дневно може да опслужи до 40 пациенти, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ-графии, апарат за навигација наменет за хирургијата на носот, синусите, ушите и базата на черепот со цел побезбедна хирургија особено во областа на оториноларингологија, како и СИ-АР за потребите на ортопедските интервенции, рече Костов.

    Директорот во оваа прилика му врачи Благодарница на јапонскиот амбасадор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img