ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните на Охрид.

 – 8-ми Септември е симбол на Македонското единство, независност и слобода. Ова е ден кога ја славиме нашата национална храброст и нашата определеност за сопствена држава.

Овој празник е ден за заедничка радост и споделување на вредностите кои нè обединуваат како народ и треба да не потсети дека сме сплотени во различностите и посветени на развој и напредок.

Овој ден е паметник на сите оние кои дале значаен придонес во развојот и градењето  на нашата држава. Нивните достигнувања и дела треба да бидат вечни извори на инспирација за сите нас.

Драги сограѓани, нашата татковина е многу повеќе од карта на мапа, таа е идентитет и историја, кои треба гордо да ги чуваме и вреднуваме. Да продолжиме заедно да бидеме посветени на вистинскиот пат кон подобра иднина за новите поколенија.

Нека е честит и вековит 8-ми Септември и нека е вековита нашата Република Македонија, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.

Share This Article