Северна Кореја ја лансираше својата прва оперативна тактичка нуклеарна нападна подморница и ја додели на флотата што патролира во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, објавија во петокот државните медиуми.Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој присуствуваше на церемонијата на лансирање во средата, рече дека има итна потреба да се вооружи морнарицата со нуклеарно оружје и вети дека ќе пренесе повеќе подводни и површински бродови опремени со тактичко нуклеарно оружје на морнарицата, објави новинската агенција КЦНА. .
Ким најави дека Северна Кореја планира да ги претвори своите постоечки подморници во нападни подморници вооружени со нуклеарно оружје и да го забрза процесот што треба да доведе до изградба на подморница на нуклеарен погон.
Засега не беше јасно со какви проектили ќе биде вооружена новата подморница. Северна Кореја тестираше голем број балистички ракети лансирани од подморници (SLBM) и крстосувачки ракети кои можат да се лансираат од подморница. Исто така, не е јасно дали Северна Кореја целосно ги развила намалените нуклеарни боеви глави потребни за монтирање на такви ракети.