Германскиот тенисер Александар Зверев изјави дека сите играчи мора многу да го подигнат нивото на својата игра за да се натпреваруваат со Новак Ѓоковиќ или Карлос Алкараз.
Зверев беше поразен во четвртфиналето на УС Опен од Алкараз, а според се што се гледа од почетокот на последниот Грен слем, сите очекуваат голема пресметка меѓу Шпанецот и Новак во големото финале.
„Играв со Новак во Синсинати, играв со Карлос овде. Тие се на многу слично ниво што се однесува до нивото на игра. Некои работи Новак ги прави подобро, некои работи Карлос подобро. Верувам дека во моментов тие се во своја класа, а другите треба да го кренат нивото за да им се закануваат, така е“, нагласи Зверев.
Алкараз во полуфиналето на Њујорк ќе се сретне со Русинот Данило Медведев, додека Новак ќе игра против локалниот тенисер Бен Шелтон.
Меѓусебниот скор меѓу Ѓоковиќ и Алкараз моментално е 2-2, а двајцата ги освоија сите Грен слемови годинава – српскиот тенисер Австралија опен и Ролан Гарос и Шпанецот Вимблдон.