Принцот Хари и војвотката Меган Маркл меркаат еден имот на Малибу вреден 8 милиони долари. А медиумите најдоа и слика од куќата која би требало да ја изградат таму, ако се решат да го земат имотот. Куќата со екстравагантен, (пост)модерен, флуиден дизајн би чинела уште 10 милиони долари, пишува Њујорк Пост.
На страницата на Инстаграм кадешто се рекламира фотомонтажа од куќата наведена е цената од 12 милинои долари проценети трошоци за градба. Малибу го нарекуваат „рај“ покрај Тихиот Океан. Сместено на западниот брег на помалку од еден час возење од Лос Анџелес и Беверли Хилс и на 13 милји од жариштето на славните, Нобу, ова место Хари и Меган се размислуваат да го направат ново живеалиште како замена за нивниот дом во Монтесито.
Се шпекулира дека тие ќе го продадат замокот во Монтесито вреден 14 милиони долари. Ова стратешко преместување ќе ги стави во непосредна близина на Холивуд за можните идни професионални потфати, притоа овозможувајќи им ја безбедноста и приватноста што ја посакуваат.
Се вели дека Брендан Браун во агенцијата за недвижнини „Вестсајд“ го застапува имотот.
Ако се решат да го купат имотот и да градат, Хари и Меган ќе бидат соседи со Мајли Сајрус, Кејтлин Џенери и други ѕвезди.
Магазинот „Пејџ Сикс“ пак напиша дека извор близок до парот ексклузивно им изјавил дека „принцезата од Монтесито“ нема да се сели никаде.