Пандемијата на коронавирус го скрати животниот век во Германија за повеќе од шест месеци, објави Федералниот институт за истражување на населението, додавајќи дека минатата година беше трета година по ред во која Германците живееја во просек пократко од претходната година.
Минатата година животниот век на мажите паднал од 78,7 на 78,1 година, а на жените од 83,5 на 82,8 години, но забележлива е регионалната разлика, се вели во соопштението, пренесува ДПА.
Така, во 2022 година, мажите во Сар и Саксонија-Анхалт умреле во просек повеќе од една година порано отколку во 2019 година. Во Саксонија-Анхалт, очекуваниот животен век во истиот период бил речиси една година пократок и кај женската популација.
Федералниот институт за истражување на населението го припишува пократкиот животен век на пандемијата на коронавирус, а се посочува дека придонела и епидемијата на грип на крајот на минатата година.