More

    Ново откритие на научниците: „Крвожедниот“ гроф Дракула всушност бил веган

    spot_img

    Романскиот владетел Влад Цепеш, кој бил инспирација за книги и филмови за крвожедниот вампир Дракула, според научниците всушност бил веган.

    Научната анализа на писмата на романскиот владетел од 15 век сугерира дека Влад Цепес бил веган, што е изненадувачки пресврт во легендата за крвожедниот гроф Дракула.

    Нашироко се верува дека Дракула, легендарниот измислен лик на авторот Брам Стокер, всушност е Влад Цепес, моќен Влашки владетел познат по своите брутални методи, вклучително и прибивање на неговите непријатели.

    Тој владеел со Влашка три пати – помеѓу 1448 година и неговата смрт.

    Повеќе од 500 години по неговата смрт, научниците анализирале некои од неговите рачно напишани писма, откривајќи интригантни сознанија за неговиот живот.

    Крв, пот, отпечатоци од прсти и траги од плунка открија сосема поинаква слика за Влад.

    Во писмото од 4 август 1475 година, адресирано до граѓаните на Сибиу, Влад се опишува себеси како „Принц на трансалпските региони“ и ги информира жителите на градот за неговото претстојно преселување во нивното село, потпишувајќи се со неговото страшно име „Влад Дракула“.

    Научниците од Универзитетот во Катанија се впуштија во уникатен потфат со екстракција на биомолекули од ова писмо старо со векови.

    Она што ги изненади истражувачите е недостатокот на животински протеини во наодите, што беше многу необично откритие.

    Протеините во храната се наоѓаат само во растителна храна, истакна Глеб Зилберштајн, автор на студијата објавена во списанието „Analytic Chemistry“.

    Откритието доведе до хипотезата дека моделот за вампирот на Стокер можеби бил веган, иако тој избор на исхрана можеби бил поттикнат од потреба наместо од претпочитање.

    Имено, во 15 век Европа имала многу студена клима и имало многу малку храна. Според биоархеолозите, аристократите низ Европа имале многу лоша исхрана, а месото не се јадело често.

    Анализата на писмата откри и индиции за здравјето на Влад.

    Се чини дека тој боледувал од ретка состојба позната како хемолакрија, која предизвикува болните да плачат крвави солзи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img