Рускиот претседател Владимир Путин лично одржа предавање во едно руско училиште додека на учениците им беше презентирана новата наставна програма која треба да ги упати во борбени тактики. Според новата програма во Русија, наставниците ќе ги учат учениците како да ракуваат со калашникови, гранати и беспилотни летала како дел од курсот „Основи на безбедноста на животот“, објави британското Министерство за одбрана.
Часовите по историја ќе вклучуваат испит за повторно обединување на Крим со Русија и за таканаречената специјална воена операција во Украина.
„Новата наставна програма служи за три цели: да ги индоктринира учениците за оправдувањето на Кремљ за спроведување на „специјална воена операција“, да им всади на учениците боречки начин на размислување и да ги намали роковите за обука за понатамошна мобилизација“, додаде Министерството.
„Воведувањето лекции за операции со беспилотни летала укажува на нивното растечко значење на бојното поле. Исто така, може да се очекува дека руските ветерани од првата линија ќе ги посетат учениците, се додава во известувањето од британското Министерството за одбрана.
Рускиот парламент ја одобри новата наставна програма минатата година.