До 20 октомври трае пријавувањето за ваучери кои можат да се користат за летување во Србија. Од нив досега подели 260.000, а останаа уште 40.000, објави „Вечерње новости“.
Ваучерите значително ја продолжија туристичката сезона и до ноември, бидејќи од 260.000 што беа поделени, искористени се околу 160.000, а останатите ќе се користат до 20 ноември, изјави државниот секретар во Министерството за туризам и спорт Урош Кандиќ.
Ваучери најчесто користат пензионери, а најпопуларна е Сокобања, велат од „Вечерње новости“.