More

    Протест пред Модуларната во Тетово – Семејствата на починатите ќе бараат ново обвинение

    spot_img

    Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение.

    – Ние како фамилии на починатите во пожарот, организираме протести и им порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот. Ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Им порачуваме на сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски протест. Ние фамилиите сме организатори и повикуваме да нема инциденти. Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир – изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

    На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничката болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

    Протестот ќе се одржи на двегодишнината од пожарот.

    Мумин Исмаили, фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img