More

    МИЦКОСКИ- КОЈ РЕШИЛ СИСТЕМОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЛЕКОВИТЕ ДА ЗАВРШИ ВО ПОДРУМ?

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Димитар Ковачевски дека случајот со Онкологија не треба да се генерализира и дека ќе има одговорност за сите, рече дека Ковачевски прво мора да одговори зошто системот со кои се следеле лековите не функционира и кој е тој што дал наредба истиот наместо да е во функција, да биде ставен во подрум.

    – Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира. Кој е тој што наредил наместо тој систем да биде функционален, да биде ставен во подрум и зошто оние кои што ќе платат добиваат соодветен медицински третман, а они кои што не можат да платат се оставени на милост и немилост во тешка мака да умираат – вели Мицкоски.

    Претседателот Мицкоски истакна дека има многу прашања и одговори, но многу наскоро тие одговори ќе ги даде идната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, укажувајќи дека ќе има одговорност за секој кој се огрешил.

    Денеска СДСМ се огласи со соопштение во кое го прашива Мицкоски дали се плаши од тоа што ќе покаже истрагата за Онкологија.

    „Наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции за расчистување криминал на клиниката за Онкологија, Мицкоски се обидува да ја политизира, злоупотребувајќи ги болните. Очигледно поврзувањето на Мицкоски на акцијата со ново барање за избори е само за да не се реши овој случај, кој се отвора за прв пат после 20 години“, вели СДСМ.

    Партијата тврди дека „грозоморната шема била воспоставена пред многу години“ и прашува:

    „Дали Мицкоски се плаши од тоа што ќе го покаже истрагата за Онкологија, за се она што се правело години наназад?“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img