Билтенот на МВР е преполн со вести за апсење дилери на дрога. Упатените велат дека олку дрога на улиците никогаш немало, а најпопуларна е најевтината – марихуаната.
Така, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Б. (28) од село Арачиново, вчера во 22.10 часот, на подрачјето на Гази Баба, поради пронајдена и одземена марихуана.
Полицијата го лишиле од слобода и Д.Г. (20) од Скопје, вчера во 21.55 часот на подрачје на Аеродром, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Полициски службеници на СВР Тетово, пак, вчера на улицата Илинденска во тој град, ги лишиле од слобода А.С.(18), Е.Ј.(18) од Гостивар и Е.С.(19) и С.Ш.(19) од село Врбјане. При нивен и преглед на возилото „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Е.С., била пронајдена и одземена марихуана.
Полициски службеници го лишиле од слобода и Ф.П. (27) од Скопје, вчера на подрачјето на Карпош, затоа што и кај него била пронајдена и одземена марихуана. П
Полицијата ќе ги документира сите случаи и ќе поднесе соодветни поднесоци.