More

    Британска туристка групно силувана во хотелот во кој престојувала

    spot_img

    Британска туристка пријави дека била групно силувана од пет напаѓачи во популарното летувалиште Аја Напа на Кипар овој викенд. 20-годишната жртва вчера пријавила на кипарските власти дека била нападната од пет мажи во нејзиниот хотел во Фамагуста.

    Кипарската полиција соопшти дека уапсила пет Израелци, тројца на возраст од 19 и двајца на возраст од 20 години, откако наводната жртва го опишала нападот и осомничените. Осомничените мажи денеска треба да се појават пред судот во Фамагуста, пишува Daily Mail.

    Ова не е прв случај на групно силување на Кипар. Минатата година уште една британска државјанка ја доби жалбата за поништување на пресудата за лажење дека била групно силувана од 12 израелски туристи додека била на одмор на Кипар на 18-годишна возраст. Нејзините адвокати успеаја да докажат дека судијата ги игнорирал доказите од вештачењето и не и дозволил на жртвата да сведочи за силувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img