More

    Диџеј Дипло и комичарот Крис Рок успеаја да се извлечат од фестивалот „Burning Man“

    spot_img

    Диџеј Дипло и комичарот Крис Рок успеаја да се извлечат од фестивалот „Burning Man“, кој викендов поради невремето се претвори во катастрофа. Диџејот на својот инстаграм-профил објави видео во кое објасни дека еден обожавател нему и на Крис Рок им понудил превоз од фестивалот со неговиот камион.

    „Одев со часови со дупка во чевелот затоа што вечерва имам настап и не сакав да ве изневерам. Исто така, честитки за овој човек што паметно купил пикап, не знаејќи дека тоа ќе го доведе до ова момент“, се пошегувал диџејот во описот на снимката. Тој додал дека пред тоа пешачеле речиси 10 километри низ калта за да побегнат од фестивалот на кој загина едно лице.

    Американците го нарекоа фестивалот „Burning Man“ „национална катастрофа“ откако 73.000 посетители останаа заробени во пустината поради дожд и кал. Според американските медиуми, на посетителите им било кажано да останат во кампови и да штедат храна и вода, откако дождот го претворил целиот фестивал во куп кал.

    „Движењето е дозволено само со возила за итни случаи. Доколку сте во градот Блек Рок, засолните се во вашето место и останете безбедни“, порачаа организаторите, додавајќи дека евакуацијата може да потрае некое време.

    Поради вонредните временски услови, проблем имало и со празнење на преносните тоалети поставени во фестивалскиот камп, поради што целото искуство брзо се претвора во (смрдлив) кошмар. Голем број посетители немаат ниту сигнал на своите мобилни телефони.

    Фестивалот требаше да трае до понеделник, но до недела се очекуваат нови врнежи, па не се знае што ќе биде со фестивалот и посетителите. Програмата, се разбира, засега е прекината. Инаку, проблеми со фестивалот имаше уште на самиот почеток поради ураганот Хилари.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img