More

    Граѓани преку протест во Скопје ќе го изразат револтот од случувањата во Клиниката за онкологија

    spot_img

    Граѓани преку протест во Скопје ќе го изразат револтот од случувањата во Клиниката за онкологија. Како што е соопштено, протестот ќе почне од 18 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство.

    – Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија, кои со месеци во живото – загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал во кој се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години – велат организаторите на протестот во соопштението испратено до медиуми.

    Организаторите на протестот ќе побараат  се бара одговорност од некогашните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали, актуелниот министер Фатмир Меџити, од замениците Илир Хасани и Маја Манолева, од поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова и актуелната, Рената Младеновска, како и од поранешниот организационен директор на Клиниката, Нехат Нухи.

    Врз основа на судска наредба, минатиот петок беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во два приватни стана. Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, што ќе бидат предмет на анализа и вештачење.

    Како што информираа од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови, поврзани со работата на Клиниката.

    Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека ќе бидат санкционирани сите оние, кои го прекршиле законот, но, не смее да се напаѓаат сите здравствени работници.

    – Се работи за наводи што се грозни и што не смеат да се случуваат, а за наводи што сме слушале во текот на изминатите 20 години. Ова е првпат да биде спроведена една ваква обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела. Би сакал да повикам да не се прави сензационализација и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, бидејќи најголемиот број од медицинскиот персонал којшто работи во нашата држава, се извонредни луѓе, кадри, што се грижат за здравјето на нашето население, подвлече премиерот.

    Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак побараа наместо да се релативизира случајот, премиерот да прифати одговорност, затоа што тоа кое што се случувало во Клиниката за онкологија во голем дел се случувало во време кога негови министри раководеле со секторот и кога биле именувани во институцијата директори кои се резултат на неговиот коалициски пазар.

    – Оваа власт да беше Европа, како што не се, денес ќе беа депонирани оставки, вклучително и неговата – велат од опозициската партија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img