Најмалку 52 лица загинаа во пожар во катна зграда во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, соопштија службите за итни случаи. Меѓу загинатите има и мало дете, пренесува Гардијан.Службите за итни случаи соопштија дека уште 43 лица се повредени.
Зградата е евакуирана, а портпаролот на Итната помош Роберт Мулауџи изјави дека во тек е акција за пребарување и спасување на станарите.
Властите соопштија дека пожарот главно бил изгаснат, но од поцрнетата зграда во центарот на Јоханесбург сè уште излегува чад.
Телевизиските снимки покажаа противпожарни возила и амбулантни возила надвор од црвено-белата зграда со изгорени прозорци, кои полицијата ги опколи.