More

    Доналд Трамп ги замолил адвокатите да му договорат апсење во ударен телевизиски термин

    spot_img

    Вечерва се очекува поранешниот американски претседател Доналд Трамп вечерва да се предаде во затворот во округот Фултон во американската сојузна држава Џорџија, под обвинение за рекет и заговор поради неговите обиди да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

    Но, исто така, за очекување е дека Трамп – во обид да го одвлече вниманието од срамното „предавање“ во затворот, да приреди медиумски спектакл за граѓаните ширум светот.

    Тој наводно ги натерал неговите адвокати да договорат предавањето да се случи за време на најдобрите часови за емитување на кабелските информативни мрежи, дознава „Гардијан“.

    Трамп на својата платформа „Truth Social“ објави дека ќе биде уапсен во четврток.

    Самото предавање се очекува да биде вообичаено. Во затворот „Рајс Стрит“ кој се наоѓа северо-западно од центарот на Атланта, каде што обично се носат обвинетите обвинети во округот Фултон, процесот на предавање вклучува фотографирање на обвинетиот, земање отпечаток од прст и евиденција на висината и тежината.

    Трамп ги замолил своите адвокати и американската тајна служба да добие ослободување од фотографирање, но шерифот на округот Фултон, Патрик Лабат, претходно изјави дека Трамп нема да има бенефиции.

    Сепак, штом ќе заврши „предавањето“, се очекува Трамп веднаш да биде ослободен со кауцијата од 200.000 долари и под услови кои вклучуваат строги ограничувања за заплашување сведоци…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img