Силен земјотрес утрово ја погоди провинцијата Малатија во Турција, која веќе беше разурната од силните земјотреси во февруари.
Иако првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, но од ЕМСЦ велат дека е евидентиран со јачина од 4,7 степени.
Според првите информации, епицентарот бил во близина на Малатија и е регистриран на длабочина од седум километри.
Нема информации за штетата.